ШОПТРАЈАНОВ, Бојан Тодоров

ШОПТРАЈАНОВ, Бојан Тодоров (Чачак, Србија, 26. И 1937) – академик, редовен професор (1981) на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје (во пензија од 2002). Дипломирал (1960) хемија на ПМФ во Скопје, магистрирал (1965) на Индиана Университѕ во САД, а докторирал (1973) на ПМФ во Скопје. Дописен (1994) и редовен (1996) член на МАНУ. Држел настава по десетина предмети, коишто или прв ги осмислил и ги изведувал или темелно ги реорганизирал. Главно подрачје на научен интерес му е структурната хемија (особено вибрационата спектроскопија), а заинтересиран е и за проблеми од образованието. Објавил повеќе од 200 статии (околу две третини надвор од Македонија), а на научни манифестации презентирал повеќе од 350 пленарни и секциски предавања и други соопштенија (близу половината надвор од Македонија). Автор/коавтор е на 3 монографски публикации со научен/стручен карактер и на 5 монографски изданија со системски карактер. Автор/коавтор е на 4 универзитетски учебници, помагала и на дваесетина учебници/учебни помагала за средното образование. Неговите позначајни трудови се однесуваат на спектроскопското изучување на кристалохидратите и за спектроскопските и термодинамичките својства на петчлените хетероциклични молекули. Објавил и серија статии под заеднички наслов „Белешки за јазикот на хемијата“. Тој е основоположник и прв главен уредник на списанието „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија“. Претседател е на Уредувачкиот одбор на списанието „Прилози“ на Одделението за математичко-технички науки во МАНУ. Бил раководител на голем број меѓународни и домашни научноистражувачки проекти. Бил продекан за настава и наука на Хемискиот факултет, проректор за настава и наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, потпретседател и претседател на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, претседател на Комисијата за спектроскопија при Унијата на хемиските друштва на Југославија и претседател на Унијата. Од Цхемицал Абстрацтс Сервице добил (1978) сертификат за „извонреден придонес за унапредувањето на хемиската наука и технологија во текот на повеќе од 10 години успешна работа“, а му биле доделени и други признанија. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 226; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 226–227. Бл. П. Георги шоптрајанов ШОПТРАЈАНОВ, Георги Димев