ШОПОВ, Ацо

ШОПОВ, Ацо (Штип, 20. ⅩⅠⅠ 1923 – Скопје, 20. Ⅳ 1982) – борец, поет и преведувач, есеист, прв уредник на „Млад борец“, уредник на повеќе литературни списанија во Македонија, амбасадор во Сенегал (1972–1976), претседател на поранешниот Сојуз на литературните преведувачи на Југославија. Член на Македонскиот ПЕН-центар, како и на ДПМ и тоа од неговото основање (1947). Тој е еден од најзаслужните што македонската поезија за релативно кусо време ги надмина колективистичките и соцреалистичките тонови. Со својот интимизам му ги отвори вратите на македонскиот поетски израз кон модернизмот. Критича-А. шопов и претседателот на Сенегал Л.С. Сенгор рите неговото творештво го организираат во четири круга: првиот (1944–1950), кој започнува со неговата прва стихозбирка „Песни“, а завршува со „На Грамос“; вториот што го сочинува неговото творештво омеѓено со двете негови збирки „Стихови за маката и радоста“ (1952) и „Ветрот носи убаво време“ (1957); третиот што е главно во знакот на двете најзначајни стихозбирки „Небиднина“ (1963) и „Гледач во пепелта“ (1970) и четвртиот што е одбележан со двете последни книги „Песни за црната жена“ (1976) и „Дрво на ридот“ (1980). Книгата што направи пресвртница не само во творештвото на ш., туку и во македонската литература воопшто, е збирката „Стихови за маката и радоста“. Имено, со неа поетски се разнишаа цврстите бедеми на дотогашниот соцреалистички модел на творење. Во таа 1952 г. контроверзната збирка на ш. ја иницира, а потоа и ја разгоре декадата на конфронтација помеѓу „реалистите“ и „модернистите“. Тие ќе спорат за природата на реалистичката уметност, за нејзината актуелност и за можноста т.е. неможноста за нејзино обновување во ⅩⅩ в., за важноста на усвојувањето на уметничките откритија од западноевропските литератури, за светското искуство на авангардизмот и модернизмот. Вистинскиот шопов како поет, сепак, излегува со стиховите од неговиот трет круг. Поимите „небиднина“ и „црно сонце“ од неговата поетска лексика с“ уште ја чуваат својата мистична моќ и не престануваат да бидат предизвик и поттик за најразлични критички судови и дешифрирања. ДЕЛ: поезија: Песни (1944), Пруга на младоста (заедно со С. Јаневски, 1947), На Грамос (1950), Со наши раце (1950), Стихови за маката и радоста (1952), Слеј се со тишината (1955), Ветерот носи убаво време (1957), Небиднина (1963), Јус-универзум (1968), Гледач во пепелта (1970), Песни за црната жена (1976), Дрво на ридот (1980). ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990); Творештвото на Ацо шопов -зборник од Симпозиумот по повод 70-годишнината од раѓањето на Ацо шопов (1993); Лидија Капушевска-Дракулевска, Поетика на несознајното (2002). В. М.-Ч. Владимир шопов