„ШКОЛСКА ПЕДАГОГИЈА“

„ШКОЛСКА ПЕДАГОГИЈА“ – прв учебник по педагогија, напишан од македонски автор, познатиот учител Јосиф Ковачев од Штип, со поднаслов: Методичко раководство за учителите и управителите на народните школи. Отпечатен е во Солун (1873), а како издавач се јавува книжарницата на Д. В. Манчев. Делото опфаќа широк спектар прашања од општопедагошка (цел на воспитанието, умствено, морално, физичко воспитание), дидактичка (дидактички принципи, формално и материјално образование, содржина, организација, планирање на наставата и др.) и методичка проблематика (значење, цел и задачи на одделните програмски содржини и сл.). Погледите и сфаќањата изнесени во оваа дело се одраз на нивото на развиеност на тогашната педагошка наука. Некои од нив не го изгубиле своето значење до денес.
ЛИТ.: Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија,
Скопје, 2002. К. Камб.