ШКОЛСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ШКОЛСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА – заедничко име за сите документи од значење за животот и за работата на училиштата. Ги опфаќа: актите за основање (одлуки, одобренија, елаборати и сл.); нормативно-правните документи (статут, правилници); одлуки, решенија и други документи и материјали од работата на управно-раководните и стручните органи и тела на училиштето, од материјално-финансиското работење на училиштето и од воспитно-образовниот процес (годишни програми за работа, распореди на наставата, извештаи и сл.). школската документација ја чинат и документите за педагошката евиденција (дневник за работа на училиштето, дневник на паралелката, записници од одржани испити и сл.) и педагошката документација (главна книга на ученици, свидетелство, уверение за стручно оспособување, ученичка книшка, преведница и сл.). школската документација има фукционално, односно оперативно, но и историско значење, поради што треба да се води посебна грижа за нејзиното чување и заштита. К. Камб.