ШКАРТОВ, Георги Димитров

ШКАРТОВ, Георги Димитров – Ѓакон Евстатиј (с. Нестрам-Кол, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 1873 – Софија, 20. Ⅲ 1934) – ѓакон и национален деец. Бил служител во Хилендарскиот манастир (од 1888), а потоа ја завршил Духовната семинарија во Цариград и како ѓакон Евстатиј бил во Пловдив, Солун, Софија и Букурешт, по што пристигнал во Битолско (1900). Во Илинденското востание бил ресенски војвода, а по Востанието активно учествувал во борбите против туѓите оружени пропаганди. Со своја чета зел учество во Првата балканска војна (1912), ослободувајќи го Мегленско. Исто така, на чело на комитска чета, учествувал и во Првата светска војна, дејствувајќи во Воденско, Мегленско и околината, а по завршувањето на војната емигрирал во Бугарија. ЛИТ.: (Ѓорѓи Абаџиев), Македонски возрожденци и револуционери. Албум, Скопје, 1950, 66; Спомени и биографии на илинденци, ДАРМ – Подрачно одделение-Битола, Битола, 1993. С. Мл. Мишо шкартов