ШИШЕВСКА КЛИСУРА

ШИШЕВСКА КЛИСУРА (ГОЛЕМА КЛИСУРА) – се протега од с. Девич до с. шишево во долината на река Треска, во должина од 66,2 км. По должината е втора клисура во РМ. Клисурата е предиспонирана со раседни линии и всечена е помеѓу планините: Добра Вода, Сува Гора и Осој од левата и Даутица, Караџица, Сува Планина и Водно од десната долинска страна. На потегот помеѓу Лукоечко Речиште и манастирот „Св. Богородица“ во должина од 15 км е вистински кањон, а неговите страни се стрмни и високи преку 1.100 м. Т. Анд.