ШИРИЛОВ, Ташко

ШИРИЛОВ, Ташко (Горничево, Леринско, 20. Ⅷ 1938) – раскажувач, романсиер, литературен критичар, поет, преведувач од француски (В. Иго, Стендал, А. Дима, Мопасан, Жил Верн, Сен-Џон Перс и др.). Завршил Филолошки факултет (француски јазик и книжевност) во Скопје. Работел како новинар во весникот „Вечер“, а сега е вработен во Друштвото на лит. преведувачи на Македонија и го издава в. „Огледало“. Бил претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија. Со Паскал Гилевски го покренаа и го издаваа независниот весникЗа македонцките работи“ (1971–72). БИБ.: Икар, поезија, 1976, Тимотеј и Лидија, роман, Зумпрес, 1999; Фразеолошки речник на македонскиот јазик, том први, Ск., 2003 (коавторство со Тодор Димитровски). ЛИТ.: Атанас Вангелов: Стилист од прв ред – ама заобиколен, „Старт“, број 244, 2003. П. Гил.