ШИРИЛОВ, Петар

ШИРИЛОВ, Петар (Горничево, Егејска Македонија, 18. Ⅴ 1934 Скопје, 5. Ⅸ 1988) – раскажувач, романсиер, литературен критичар, публицист. Завршил средно земјоделско училиште. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Радио Скопје, потоа бил уредник во весникот „Трудбеник“. Член на ДПМ од 1964 год. „И покрај тоа што критиката не му беше особено наклонета, П. ширилов остави незаборавни страници во македонската литература“ – бележи Г. Сталев во книгата Последниве сто години македонска книжевност (Матица македонска, 1994). БИБ.: За детството и светулките, раскази, 1961; Заветрина спроти виулицата, роман, 1962; Плачат оние планини за мене, роман, 1965; Светогорци, роман, 1966; Бунт во каменот, раскази, 1966; Од болот до метафората, есеи, 1971; Црноборје, 1972; Историја и револуција, огледи, 1973; Мислата и делото на Димитар Митрев, монографија, 1974; Земја во дулбија, роман, 1976; Света шума, роман, 1978; Геометри, раскази, 1988. П. Гил.