ШИНДИЛОВСКИ, Богдан

ШИНДИЛОВСКИ, Богдан (Прилеп, 27. И 1918 – Скопје, 13. Ⅷ 2003) – композитор и музички педагог. УШТЕ како гимназијалец диригира со училишниот хор. По школувањето ги формира Градскиот мешан хор, Гимназискиот и Пионерскиот хор во Прилеп. Го основал и Музичкото училиште во Прилеп (1949). Подоцна компонирал, главно хорска музика (триесетина композиции) и музика за мандолински оркестри. М. Кол. шИП (ШИПКА, РОЗА) (Роса Л., фам. Росацеае) – извонредно богат род со видови (околу 400 и повеќе илјади култивирани). Листопадни или зимзелени грмушки и лијани, најчесто со боцки на гранките. Листовите се сложени, непарно перести. Цветовите се миризливи, шипки (шипинки) со разнобојни, крупни, венечни ливчиња (декоративни). Од цветната ложа се формира месеста обвивка околу плодот (шипинка), а може да биде розова, црвена или црна. Во РМ досега се регистрирани: Р. цанина Л., Р. арвенсис Худс., Р. галица Л., Р. мицрантха См., Р. томентоса См., Р. пендулина Л., Р. спино-сиссима Л. Има најверојатно и други, кои допрва треба да бидат проучени. Ал. Анд. Петар ширилов