ШИКИЌ, Бранислав

ШИКИЌ, Бранислав (Пула, Хрватска, 1905 – Белград, 7. Ⅱ 1976) – шумарски инженер. Бил истакнат деец на студентското движење во Македонија и член на КПЈ (од 1941). По окупацијата бил член на Покраинската воена комисија (1941), кога бил уапсен од бугарската полиција. Подоцна бил политички комесар на Поречкиот НОПО. По Ослободувањето бил вработен во државната управа во областа на шумарството. БИБ.: Дејствата на Воената комисија при Покраинскиот комитет во 1941 година, „13 Ноември“, Ⅵ, 6, Скопје, 1967, 12; Поречкиот партизански одред и Скопската дополнителна бригада, на истото место, 7; Синдикатот во Скопје (19081971), Скопје, 1971. С. Мл. ШИКОЛЕ, Александар Јосифов