ШЕЌЕРИНСКИ, Ристо

ШЕЌЕРИНСКИ, Ристо (Штип, 28. Ⅲ 1927) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1951). Живее и работи во Скопје во проектантското претпријатие „Проектант“ (до 1956). Се преселил во Нови Сад и во Белград, а потоа работел во швајцарија и во Германија како слободен архитект. Проектирал објекти со разни намени, од кои преовладуваат станбените објекти. Позначајни реализации во Македонија: Административниот објект во Скопје (урнат во 1963); неколку станбени блокови во Скопје (1952–1955). Кр. Т. шЕШИЌ, Богдан (Валево, 21. Ⅵ 1909 – Белград, 9. Ⅱ 1999) – српски филозоф, со меѓународно реноме. Дипломирал филозофија во Бел-град (1934), докторирал во Берлин (1938). Од 1947 г. е примен за асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, а за предавач во 1951 г. Ги предавал предметите Логика, Историја на филозофијата, Етика и Естетика. На Факултетот останува до 1954 г., кога се вработува на Филозофскиот факултет во Белград (редовен професор од 1962). Контактите со Филозофскиот факултет во Скопје ги продолжува преку честите гостувања со предавања и учество во комисии за оценка и одбрана на докторски дисертации. Неговите книги ги користеа бројни генерации студенти. Автор е на голем број книги, расправи и статии објавени во меѓународни списанија. БИБ.: Увод у дијалектичку логику, 1957; Логика И-Ⅱ, 1958, 1962; Естетичке студије, 1958; Нужност и слобода, 1963; Принципи универзалне логике, 1968; Савремени човек и свет, 1969; Општа методологија, 1971, 1988; Филозофске основе физике, 1972; Основи медодологије друштвених наука, 1974; Филозофија историје, 1986; Филозофија културе, 1990; Универсале логисцхе Аџиоматик, 1991 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 77; Д. Грлиќ, Лексикон филозофа, Загреб, 1982, 406. В. Панз. шИБЈАК – фитогеографска формација, која по својата надворешна грмолика форма е слична на шикарите, но според еколошките услови и флористичкиот состав претставува посебна форма на шумска вегетација, која битно се разликува од сите други типови. Главна карактеристика на шибјаците е што во нив учеството на дрвјата отсуствува како последица на големиот степен на деградациските процеси (секундарни шибјаци) или како резултат на дејството на неповолните еколошки услови за развој на дрвјата (примарни шибјаци). Во првиот случај шибјаците претставуваат, во однос на шикарите, понатамошен степен на деградација, по кој следуваат голините и камењарите, додека во вториот случај се работи за вистински шибјаци. Ал. Анд.