ШЕРДЕНКОВСКИ, Божин

ШЕРДЕНКОВСКИ, Божин (с. Љубојно, Ресенско, 1. Ⅺ 1928) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 1988 г.) по предметот Хидротехнички мелиорации. Пред доаѓањето на Факултетот (1965) работел во ГП „Пелагонија“. Учествувал во реализацијата на повеќе хидромелиоративни системи („Овче Поле“, „Прилеп“ и др.). Љ. Т.