ШЕМОВ, Симон

ШЕМОВ, Симон (Кавадарци, 1. ⅩⅠⅠ 1941) – сликар и графичар, еден од првите истражувачи на алтернативните насоки во ликовната уметност (1973), со заложба за проширување и испреплетување на медиумите. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1964). Редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ја афирмирал македонската уметност и надвор од државата. Интересирањето за природните феномени е присутно во сликарството, графиката, инсталациите, објектите, интервенциите во природен и урбан простор и особено во делата од рачно изработена хартија (Пантеист, 1967; Детски игри, 1972; циклусот Ангели, 1990; шума, 2003). ЛИТ.: Соња Абаџиева Димитрова, ше-мов/Фидановски – Акции и интервенции 1973–1985 (каталог), Скопје, 1986; Соња Абаџиева, Симон шемов, Скопје, 1994. С. Аб.-Д.