ШЕЛЕВА, Елизабета

ШЕЛЕВА, Елизабета (Охрид, 1961) – литературен критичар и теоретичар, професор на Катедрата по компаративна литература на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград на тема „Типолошките модели на македонската книжевна критика“. Докторирала на истиот факултет (1998) со темата „Од дијалогизмот до интертекстуалноста (од Михаил Бахтин до постструктурната критика)“. Публикувала повеќе трудови. БИБ.: Компаративна поетика (Постмодернизмот во македонската фикција/новела), 1996; Културолошки есеи, 2000; Од дијалогизмот до интертекстуалноста, 2000; Заробеници на денот, избрани колумни, 2001. Г. Т. Симон шемов