ШАХОВ, Панде

ШАХОВ, Панде (1973) – композитор. Композиција учи кај Р. Аврамовски, а дипломира на ФМУ во Скопје (Т. Зографски, 1997). Постдипломски студии завршува на Кралскиот колеџ за музика во Лондон (Џ. Андерсон, 2000). Во неговата камерна и оркестарска музика има влијанија од импресионизмот и доцниот романтизам, но и од македонскиот музички фолклор. Б. Орт.