ШАХОВИЌ, Ксенофон

ШАХОВИЌ, Ксенофон (Охрид, 7. И 1898 – Париз, Франција, 7. И 1956) – спец. патоанатом, патофизиолог и онколог, унив. професор и академик (САНУ). Мед. ф. и ПМФ завршил и докторирал (на двата) во Лион, Франција (1922). Еден од основоположниците на онколошката наука во СФРЈ. Формирал онколошки и други институти на Мед. ф. во Белград. Активно ја проучувал ендемската гушавост во Македонија. Објавил над 300 труда. ИЗВ.: Архив на Мед. ф. во Белград; Медицинска енциклопедија, Т. 9, Загреб, 1964, 398–399. БИБ.: Тумори, И–Ⅱ, Београд, 1954; Општа и специјална патолошка анатомија, Београд, 1956; Општа патологија, Београд, 1956. Сл. М. П.