ШАХИЧИ, Мухарем

ШАХИЧИ, Мухарем (Ѓуришевац, 15. Ⅴ 1927) – артист и поет. Завршил Административна школа и Педагошки курс. Како учесник во НОБ, останал воен инвалид. Бил секретар на СКОЈ, претседател на Здружението на борците на општината Кисела Вода во Скопје и артист на Албанско-турскиот народен театар во Скопје (1970). Ав-тор е и на две збирки поезија. УЛОГ: Крис („Манде“), Русин („Небески одред“), Надрија („Коштана“), Панде („Парите се отепувачка“), Рама („Брачни партнери“) и Јоле („Меќава“). С. Мл.