ШАРЕЦ

ШАРЕЦ – митски шарен коњ во епските народни песни за Марко Крале, со необично потекло и особини. Според народните преданија, тој него го добил од самовилите или го купил од кираџиите како грбаво ждребе. Претставен и со многу човечки особини: зборува (дури и турски), пие вино, плаче со солзи и сл. Тој ја предосетува и смртта на својот господар. БИБ.: Јуначки народни песни. Избор и редакција д-р Кирил Пенушлиски, Скопје, 1968. С. Мл. шАРКИЈА – жичен музички инструмент од персиско-арапско потекло од фамилијата тамбури. На него се музицира во бордунски стил, со еден водечки глас и два што бордунираат во интервалите квинта и октава. На овие три гласа се поставуваат различен број унисоно наштимани жици (две или три). Вкупната должина на инструментот е околу 800–1200 мм. Музицирањето е соло или со пеење. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 41. Ѓ. М. Ѓ.