ШАРЕНА

ШАРЕНА (АЛАЏА) ЏАМИЈА
(Тетово, 1495 г.) – верски активен објект, споменик на културата. Подигната од сестрите Хуршиде и Муневера, кои се доселиле од Анадолија. Името го добила поради питорескната декорација со растително-геометриски украси на надворешната фасада и во внатрешноста, што ја прави вистински раритет меѓу исламските објекти на Балканскиот Полуостров. Реновирана е повеќепати.
ЛИТ.: Никос Чаусидис и др., Македонија: културно наследство, Скопје, 1995; Аѕверди Екрем Хакки, Авру’пада ОсманлиМирнан Есерлерли.Ѕугославѕа, Ⅲ циклд, 3 китаб, Истанбул, 1981. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *