ШАПКАРЕВ, Јонче

ШАПКАРЕВ, Јонче (с. Велгошти, Охридско, 17. Ⅸ 1926) – унив. професор, биолог. Основно образование завршил во родното мес-то, а средно во Охрид. Во 1947 г. се запишал на Групата биологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а дипломирал во 1951 г. До 1954 г. бил вработен како асистент и ја вршел должноста директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во 1956 г. ја одбранил докторската дисертација, а во звањето доцент бил избран во 1958 г. на Катедрата за биологија на ПМФ во Скопје. Држел настава по предметите: инвертебрата, анимална екологија, зоогеографија, орган-ска еволуција и типологија на животните. Автор или коавтор е на повеќе универзитетски учебници. Има објавено над 140 оригинални научни трудови. Д. Пр. Кузман шапкарев ШАПКАРЕВ, Кузман Паскалов