ШАИН, Асен Божов

ШАИН, Асен Божов (Струга, 5. Ⅷ 1922 – Скопје, 28. Ⅲ 1996) – спец. по инфективни болести, примариус и долгогодишен директор на Клиниката за инфективни болести при Мед. ф. во Скопје. Има особени заслуги за проучување на бактериските инфекции во гастроинтестиналниот тракт, како и за изградба, опремување и функционирање на новиот современ објект на Инфективната клиника при Мед. ф. во Скопје. Бр. Н.