ШАБАНИ, Бајрам Расим

ШАБАНИ, Бајрам Расим (с. Липково, Кумановско, 14. Ⅹ 1922 – атар на с. Белановце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – првоборец и народен херој. Сирак од шестгодишна возраст, од својата петнаесетта година работел во Куманово како земјоделски и градежен работник и како ковач. Се вклучил во синдикалното движење (1940) и станал член на СКОЈ (од почетокот на 1941) и борец на Карадачкиот НОПО (од 12. Ⅹ 1941). Загинал во борба со бугарската војска и полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (10. Ⅹ 1953). ЛИТ. Рамиз Абдѕли, Бајрам Схабани, „Флака е Веллазеримит“, Схцуп, 1976; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 20; Живко Лазаревски, Херојот од Карадак, „Наш весник“, ⅩⅤⅠⅠ, 598 и 599, Куманово, 20 и 27. И 1978, 5. С. Мл.