ШАБАНИ, Азем Ресул (с. Калиште, Струшко, 14. Ⅹ 1944) – поет, романсиер, драмски писател, преведувач. Основно образование завршил во родното мес-то, а средно во Струга. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје (Група за албански јазик и книжевност). Бил наставник по албански јазик, а потоа новинар и уредник на Културната рубрика во „Флака“, одгово-Азем шабани рен уредник на сп. „Јехона“, „Г’зими“ и на Редакцијата за издавачка дејност. Бил член на Управниот одбор на СВП и советник за издавачка дејност во Министерството за култура на РМ. Сега е главен уредник и директор на книгоиздателството „Серембе“ во Скопје. Член е на ДПМ (1976), на ДПАМ, на ПЕН центарот на Македонија, Друштвото на преведувачите на Македонија и др. Неговото творештво е преведувано на македонски и на повеќе светски јазици. Има преведено повеќе од 20 наслови од македонската книжевност на албански јазик и околу 20 наслови од албанската книжевност на македонски јазик, меѓу кои и „Антологија на македонската поезија“ од акад. Г. Тодоровски на албански јазик и „Антологија на албанската поезија“ од акад. А. Алиу на македонски јазик. БИБ.: Езеро, раскази, 1974; Риба, поезија, 1975; Свето, раскази, 1978; Хамлет со црно кече, поезија, 1978; Стариот брод, драма, 1978; Дожд во Уертомонто, драма, 1982; Езерска самовила, поезија, 1983; Љуш бовта на капетанот, роман, 1983; Кумова слама, драма, 1983; Сол и вода, драма, 1983; Водописец на полето, поезија, 1986; Фани доаѓа сам, драма, 1987; Оф Америка, поезија, 1989; Дрејтпесхими и хумбур, поезија, 1991; Схкаллмими и схтшписш, поезија, 1992; Кам фрикш нга лехјет, поезија, 1994; С’е бесој парајсшн тшнде, поезија, 1995; Туллаци дхе нетшт ме хшнш, 1995; Зогјтш е схпиртит, поезија, 1997; Лумеј љш флутуројнш, поезија, 1998; Баладш пшр седршн, трегиме 1997; Седум драми, 1999; Невестата и брановите, раскази, 2001; Повторно за тажната врба, поезија, 2003; Трегиме, 2006. А. П. Бајрам шабани