ЧУШКАР, Боро

ЧУШКАР, Боро (Борис Чушкаров) (Куманово, 28. И 1916 – Скопје, 19. Ⅸ 1982) – комунистички де-Боро Чушкар ец, првоборец, политички раководител во НОАВМ и полициски генерал-мајор. Завршил учителска школа. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка (септември 1938) бил уапсен, а подоцна интерниран во Билеќа (јануари 1940). Бил член на КПЈ (1940), а во НОАВМ политички комесар на Третата македонска НОУБ, на Четириесет и втората македонска дивизија и на Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ. По Ослободувањето бил на разни функции во УДБ, народен пратеник, секретар на Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ, член на Централниот одбор на СЗБ од НОВЈ и др. Автор е на повеќе публицистички и историографски дела и остави обемни мемоари. Носител е на Партизанска споменица 1941. ИЗВ.: Сеќавања, ракопис во АИНИ, Скопје. БИБ.: Кој и зошто го жалеше транспортот, Виорни дни, Скопје, 1957, 145– 157; Еден пушкомитралезец, на истото место, Скопје, 1957, 175–176; Курирот Перо и неговата табла, на истото место, 183–184; Идризово, на истото место, 227– 229; Знамето над градот, на истото мес-то, 241–248; Нашите баталјонски весници, на истото место, 287–289; Последната желба на Вера Јоциќ, на истото место, 291–294; Синот на Козјак, на истото мес-то, 319-326; Вера Трајкова „Которка“, на истото место, 333-337; Кушкули… село – 5 јуни 1944, „Современост“, Ⅷ, 6, Скопје, 1958, 553-557; Сакам со вас, „Културен живот“, В, 7, Скопје, 1960, 15–17; Третата ударна и Идризово, Четириесет години 1941–1945, кн. 6, Скопје, 1962, 541–546; Ослободувањето на Скопје, на истото место, 557-560; Христијан Тодоровски–Карпош, Куманово, 1965; На 13 ноември 1944 година херојските единици на нашата армија го ослободија Скопје, Документи и материјали за ослободувањето на Скопје, Скопје, 1968, 149–150; Гранитни темели, Скопје, 1970; Борбено Куманово 1919–1941, Куманово, 1972; Народни херои од Македонија, Скопје, 1973 (со коавтори); Нападот на Идризово. Сеќавања на учесници во НОВ. Скопје во НОВ 1944–1945, Скопје, 1980, 664–671; Ослободувањето на затворот во Идризово, Оковани во пранги, Скопје, 1981, 398–402; Васко Карангелевски, Битолските народноослободителни одреди, Битола, 1982, 466-470. С. Мл.