ЧУЧУК

„ЧУЧУК“ – македонско машко народно оро во метар 9/16 (2,2,2,3,). Најчесто се игра во Скопско со држење на рацете за рамо. Темпото е умерено брзо, со средни чекори на полустапалата. Обилува со потскоци, доскоци, ниски клекнувања и самостојни вртења. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977,188. Ѓ. М. Ѓ. Киро Чучуков-Себура