ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро

ЧУЧУКОВ-СЕБУРА, Киро (Велес, 25. Ⅲ 1919 – Речани, Велешко, 6. И 1943) – младински партиски активист пред војната, организатор на НОД во Велешко, првоборец. Веднаш по окупацијата собирал оружје, разнесувал партиски пропагандни материјали и вршел курирска работа во градот и околината. Еден од првите борци на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (од мај 1942) и учесник во сите борбени судрувања со бугарската полиција. Од септември 1942 ја извршувал курирската должност. По враќањето од кумановскиот на велешки терен, во почетокот на 1943 г. бил откриен од бугарската полиција и ликвидиран. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред во 1942 година, Велес, 1999. Ѓ. Малк.