ЧУЧКОВ, Владо

ЧУЧКОВ, Владо (Свилајнац, 6. Ⅵ 1929 – Скопје, 15. Ⅹ 1997) – музички редактор и критичар. Своите студии ги оформува на Музичката академија во Љубљана. По доаѓањето во Скопје се вработува во МРТВ како музички уредник. Неговата главна преокупација е на планот на музичката критика. Почнувајќи од 1961 г., тој е музички критичар на весникот „Нова Македонија“, а соработува и во други весници и списанија. До крајот на животот бележи голем број критики во весникот „Вечер“. Во нив Чучков се покажува Владо Чучков како луциден, духовит и провокативен сведок на музичките настани. Тие особености наоѓаат среќен спој со неговата ерудиција и објективност во толкувањето на тие настани. Б. Орт. Ефрем Чучков