ЧУНДЕВ, Стојан

ЧУНДЕВ, Стојан (Софија, Бугарија, 5. Ⅴ 1932) – унив. професор. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1955 г., а докторирал во 1974 г. на Електротехничкиот факултет во Загреб. Во 1955 г. се вработил во Фабриката за автобуси „11 Октомври“, во 1965 г. е примен на Електротехничкиот факултет во Скопје како предавач, а во 1977 г. е избран за редовен професор. Ја основал и бил раководител на Лабораторијата за електротермија и ја вовел оваа дисциплина на Електротехничкиот факултет во Скопје. Активно работел во рамките на Југословенскиот сојуз за заварување и во Меѓународниот институт за заварување. Бил автор на оригинални и патентирани уреди и постројки од подрачјето на електричното заварување. Има напишано високошколски учебници по електротермија, по електрично заварување и по индустриски роботи. М. Чунд.