ЧУЛЕВ, Илија

ЧУЛЕВ, Илија (Кавадарци, 1908 – Скопје, 1950) – лекар, член на ВМРО(Об), учесник во НОБ. Се школувал во Кавадарци и Велес и на Медицинскиот факултет во Загреб. Од 1933 г. се вклучил во ВМРО(Об). Бил пратеник во Собранието на Кралството Југославија (1938). Во Втората светска војна бил лекар во Прешево и во 1944 се вклучил во Деветтата, а подоцна во Единаесеттата МНОБ како лекар. Во 1946 г. бил осуден на 10 години затвор како член на тајната организација Демократски фронт на МакедонијаИлинден 1903“. Починал во затворот. ИЗВ. и ЛИТ.: ДАРМ, Досие д-р Илија Чулев; Зоран Тодоровски, Политичката опозиција во Македонија по Втората светска војна, „Историја“, ЏЏЏВИ, 1-2, Скопје, 2000. З. Тод.