ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ

ЧУКАРКА, ОЧИПАЛЕ (на 10 км северозападно од Делчево) – тумул (висок 2 м, со пречник од околу 16 м) во кој е најден римски гроб со кремација, а над него и помала средновековна некропола (42 гроба) од Ⅺ–ⅩⅠⅠ в. Средновековните гробови се христијански, а припаѓале на неидентификувана рурална населба, на словенска популација, која не била социјално многу раслоена и била подзасолнета од позначајните византиски центри. Овие констатации се должат главно на анализата на накитот (наушници, прстени, белегзии и дел од дијадема, изработени главно од бронза и стакло и сосема ретко од сребро), кои се доминантниот наод во гробовите. Најдени се и 2 керамички сада како гробни дарови со храна или пијалаци. ЛИТ.: М Јованов, Е. Манева, Ф. Велјановска, Чукарка, Римски тумул, Средновековна некропола, Скопје, 2004. Ел. М.