ЧРЕШЧЕ

ЧРЕШЧЕ – средновековен градтврдина, лоциран на еден рид, на ок. 2 км југозападно од денес растуреното село Црешка на долна Брегалница. Како византиско погранично место било освоено од Србите, заедно со Велес, Просек, Штип и Добрун (1328). Остатоци од градот Чрешче во топонимијата се познати под името Мал и Голем Град, каде што се пронајдени бројни археолошки артефакти. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Градот Чрешче, ГЗФФ, кн. 14 (40), Скопје, 1987. Б. Петр. Твртко Чубелиќ