ЧОХАЏИЌ, Коста

ЧОХАЏИЌ, Коста (Гевгелија, 10. Ⅸ 1881 – Скопје, 1960) – спец. гинеколог-акушер. По потекло од Гевгелија, дипломирал на Мед. ф. во Париз (1910). Следната година се вратил во Македонија и работел како лекар во Гевгелија, Радовиш и Скопје. Во 1921 г. е назначен за шеф на Гинеколошкото одделение при Државната болница во Скопје. Во 1931 г. отворил Гинеколошко-акушерски санаториум во Скопје, прв од таков вид во Македонија. Во Санаториумот се вршеле не само породувања, туку и гинеколошкохируршки интервенции. Санаториумот работел до 1941 г. Бр. Н. Гинеколошкиот санаториум во Скопје (1931&1941)