ЧОРЕВСКИ, Трајко

ЧОРЕВСКИ, Трајко (Велес, 22. Ⅱ 1921 – Битола, 12. Ⅳ 1955) – актер чија кариера е исполнета со повеќе драгоцени креации. Член на МНТ (1945–1951), а потоа во Народниот театар на Битола (1951-1955). Трајко Чоревски УЛОГ: Васја („Платон Кречет“), Младен („Народен пратеник“), Дамис („Тартиф“), Милисав („Сомнително лице“), Че-до („За родниот кат“), Оливер („Како што милувате“), Костадин („Печалбари“), Брет („Длабоки корени“), Нил („Малограѓани“), Митке („Коштана“). Р. Ст. Коста Чохаџиќ