ЧОРЕВСКИ, Благоја

ЧОРЕВСКИ, Благоја (Велес, 9. Ⅸ 1947) – актер, општественик и државник. Завршил Театарска академија во Софија (1971). Член на Драмскиот театар од 1971 г. Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ. Бил директор на Драмскиот театар (1983-1998), заменик-министер за култура во Владата на Македонија (19982001) и претседател на Советот на град Скопје. УЛОГ: Унер-бег („Болен Дојчин“), Дарко („Свадба“), Камиј шандебиз („Болва в уво“), Благоја („Сили во воздухот“), Хлестаков („Ревизор“), Стефан („Диво месо“) и др. Р. Ст. Борис Чоревски