ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев

ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев (псевд. Кулак) (Варош, Прилеп, јануари Ордан Чопела 1912 – Битола, 9. Ⅸ 1942) – учесник и организатор во работничкото и ослободителното движење. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници (1940), кога бил примен и за член на КП во Македонија. Прогонуван, апсен и затворан од цивилната и воената полиција. По фашистичката окупација на Македонија станал член на МК и на Воената комисија. Учесник во партизанскиот напад на Прилеп на 11 октомври 1941 г. Во декември бил испратен на партиска работа во Битола. Загинал во борба со бугарската полиција. Народен херој. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1973. О. Ив. ЧОПИ, Александар Димитров