ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ – збир на производствени знаења и вештини на поединецот. Се стекнува преку: формално образование (основно, средно и високо), обука на работното место, искуство и здравствена заштита. Концептот на човечкиот капитал овозможува инвестициите во човечките ресурси да се третираат исто како и инвестициите во физичкиот капитал (згради, опрема и машини). Инвестициите во образованието и обуката на работното место се најважен вид инвестиции во човечкиот капитал, но со оглед на фактот дека инвестициите во човечкиот капитал подразбираат секаква активност што ја зголемува продуктивноста на трудот, произлегува дека тие во својот опфат ги вклучуваат и издатоците за здравствена заштита. Сеопфатни анализи за вредноста и формирањето на човечкиот капитал во македонската економија с“ уште не постојат. Не постојат ниту анализи за ефикасноста на инвестициите во човечкиот капитал, како од аспект на поединецот така и од аспект на фирмите и државата. Досегашните анализи се парцијални и третираат одделни сегменти од проблематиката. Така, според истражувањата на Светската банка, просечната стапка на заработувачката за секоја дополнителна година на образование или обука на работното место изнесува 7,6% – што е на рангот типичен за високоразвиените земји. ЛИТ.: Г. Бецкер, Хуман Цапитал: А Тхеоретицал анд Емпирицал Аналѕсис, њитх Специал Референце то Едуцатион, Тхе Университѕ оф Цхицаго Пресс, Цхицаго, 1993, 5-45; Л. Тхуроњ, Инвестмент ин Хуман Цапитал, Њадсњортх Сериес ин Лабоур Ецономицс анд Индустриал Релатионс, 1970, 15-50. Д. Е. Томислав Чокревски