ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ – процес на зголемување на човековиот избор во поглед на способностите (можностите) човекот да води долг и здрав живот, да биде добро образован и да има пристоен животен стандард. Концептот на човековиот развој за прв пат е ви. Концептот сугерира дека не постои автоматска врска меѓу растот на реалниот бруто домашен производ и растот на нивото на човековиот развој (квалитетот на животот). Основно мерило на концептот е индексот на човековиот развој. Тој е индикатор на просечните достигнувања на полето на основните човекови способности и стандардно споредбено мерило на квалитетот на животот на луѓето меѓу земјите. Индексот се темели врз три компоненти: должината на животот, достигнатото образование и животниот стандард. Според последниот Светски извештај за човековиот развој од 2006 г., индексот на човековиот развој за РМ изнесува 0,796, и ја рангира земјата на 66тото место од вкупно 177 земји во светот. Имајќи ја предвид постојната методологија на Програмата Извор: Хуман Девелопмент Репортс (1990-2006), УНДП. промовиран со Програмата за развој на Обединетите нации (Унитед Натионс Девелопмент Программе – УНДП) во Извештајот за човековиот развој (Хуман Девелопмент Репорт) од 1990 г. Идеен творец на концептот е пакистанскиот економист Махбуб ул Хаг (Махбуб ул Хаљ), кој зедено со американскиот економист од индиско потекло – нобеловецот Амартја Сен (Амартѕа Сен), се сметаат за негови основоположници. Концептот, во основа, се концентрира на три меѓусебно поврзани процеси: 1) процесот на порастот на човековите способности (можности); 2) процесот на партиципацијата на човекот во промовирањето на економскиот раст, и 3) процесот на дистрибуцијата на економскиот раст. Според концептот на човековиот развој, нивото на квалитетот на животот на луѓето не треба да се цени единствено според просечното ниво на доходот, туку и според способностите на луѓето да водат здрав живот, да се образуваат и активно да партиципираат во општествените теко-за развој на Обединетите нации, оваа висина на индексот коинцидира со нивото на средно развиените земји во однос на квалитетот на животот на населението. Индексот на човековиот развој на РМ, во основа, ја следи динамиката на раст на БДП пер цапита (ППП УС $), што индицира директна зависност на нивото на квалитетот на животот на македонското население од растот на реалниот до-ход. Македонскиот индекс на човековиот развој во значителна мера отстапува од просечниот индекс на човековиот развој на високоразвиените земји (0.911), но е приближно еднаков на просечниот индекс на земјите од Централна и од Источна Европа (0,802). ЛИТ.: А. Сен, А Децаде оф Хуман Девелопмент, Јоурнал оф Хуман Девелопмент, Вол. 1, Но. 1, Фебруарѕ 2000, 17-24. А. Сен, анд С. Ананд, Хуман Девелопмент Индеџ – Метходологѕ анд Меасуремент, Хуман Девелопмент Репорт Оффице (1990-2006), УНДП, 1994. Д. Е.