ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНКОНОГИ (Артхропода) – организми чие тело е составено од голем број делови (членчиња). Според бројот на претставниците, типот членконоги доминира во животинскиот свет. Според некои автори, нивната бројност е над 1.500.000 видови. Ги населуваат сите животни средини (водна, копнена и воздушна). Нивната голема адаптивна радијација условила широко распространување, од северниот до јужниот пол, од најдлабоките понори до највисоките места и од сушните предели до влажните прашуми. И во фауната на Македонија членконогите се претставени со најголем број таксони, од кои многу се ендемични. Поделени се на 4 поттипови: хелицерати (Цхелицерата), жаброносни животни (Бранцхиата), трахеати (Трацхеата) и трилобитни животни (Трилобита). Поттипот трилобитни животни биле морски жители и изумреле кон крајот на палеозоикот.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар