ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи (Прилеп, 1875 – Битола, 1923) – лекар. Медицина завршил во Лозана (1906), а потоа во Битола отворил приватна ординација. Во Балканските и во Првата светска војна бил мобилизиран во српскиот санитет и работел во повеќе градови низ Македонија и во Србија. Во 1918 г. се вратил во Битола, болен од туберкулоза, но продолжил да работи до смртта. П. Б.