ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Димитар (Прилеп, 1902 – Скопје, мај–јуни 1945) – член на ММТРО, ВМРО И МПО. Студирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и во судскиот Студентски процес во Скопје (1927) бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна со Д. Ѓузелов ја претставувале граѓанската опозиција, која се застапувала Македонија да биде федерална единица во составот на Кралството Југославија. Во Втората светска војна се ставил во служба на бугарските окупаторски власти во Македонија и по војната бил осуден на смрт и стрелан од македонската власт. ЛИТ.: ДимитÍрÍ ГÓзеловÍ, Жертвит‹ на Скопския студентски процесÍ, СкопŸе, 1942; Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–1934, Скопје, 1997. З. Тод.