ЧИФТЕ АМАМ

ЧИФТЕ АМАМ . (Скопје, Стара Чаршија, сред. на ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Изграден од Иса-бег, третиот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Спаѓал во типот двојни амами (со машки и женски дел), затоа бил наречен Чифте (двоен). Престанал да функционира ок. 1916/1917. Во објектот е сместена уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османл› Мимар› Есерлери. „Ѕугославѕа“, Ⅲ цилд, 3. китаб, šстанбул, 1981. Др. Ѓ.