ЧИПОВ, Андреја

ЧИПОВ, Андреја (с. П’тели, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 1904 – Скопје, 25. Ⅶ 1955) – припадник на Македонското националноослободително движење, деец на ВМРО(Об). Учесник во НОБ и во Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Од 1933 г. бил организатор и раководител на ВМРО(Об) во Егејскиот дел на Македонија. Во 1935 г. бил член на ЦК на КПГ, а во 1941 г. генерален секретар на КПГ. Во 1945 г. емигрирал во НРМ. ЛИТ.: С. Киселиновски, Егејскиот дел на Македонија 1913–1989, Скопје, 1990. Ст. Кис.