ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИНГОВСКИ, Јонче (1926 – 1983) – кустос-советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Најголемиот дел од работниот век го минал во Природонаучниот музеј на работното место ентомолог и раководител на Ентомолошкото одделение. Објавил повеќе научни трудови од областа на ентомологијата, во кои обработува повеќе од педесет видови растителни оси (Сѕмпхѕта) во Македонија. Во неговото капитално дело „Фауната на растителните оси на Македонија“ е направена синтеза на неговите долгогодишни истражувања. Во трудот се обработени видовите од фамилијата Тентхраединидае со потфамилијата Долеринае, Селамдринае и Тентхредининае. Во музејот активно учествувал во дејностите од областа на музеологијата. Р. Гр.