ЧИМЕВ, Владо

ЧИМЕВ, Владо (с. Клисура, Горноџумајско 6. Ⅷ 1915 – Горна Џумаја, 20. Ⅷ 1942) – учесник во НОД во Пиринскиот дел од Македонија. Бил член на Окружниот комитет на БРП. Пред да биде уапсен (Ⅸ 1941), заминал во партизани. Со Гроздан Николов, Станке Лисичков, Стојне Лисијски и Станој Крекмански ја формирале првата партизанска чета во Горноџумајската околија. Бил предаден и уапсен (23. Ⅱ 1942). На судскиот процес (мај 1942) бил осуден на смрт и обесен заедно со Гроздан Николов и со Станке Лисичков во Горноџумајскиот затвор. ЛИТ.: Стојне (Дончо) ЛисиŸски и Кирил Граменов, ВÍорÍжената борба в ГорноджумаŸска околия през периода 22 Óни 1941 – Óли 1942, „Военно-исторически сборник“, ИЏЛ/3, София, 1972; БезсмÍртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окрÍг, София, 1971. В. Јот.