ЧЕЈКОВСКА, Вера

ЧЕЈКОВСКА, Вера (Скопје, 16. Ⅹ 1954) – физичар и сеизмолог, доктор на физички науки, поет и есеист. Основно училиште и гимназија завршила во Кавадарци (1973), а потоа дипломирала применета физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1979) и магистрирала на студии по физика на внатрешноста на Земјата на Геофизичкиот завод „Андрија Мохозоровиќ“ при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Загреб на тема „Основне методе и модели физике жаришта тектонског потреса. Методе одреѓиванја механизма жаришта потреса – расједа“ (1990). Докторирала на физички науки на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Примена на сеизмичкиот момент во истражувањето на земјотресните жаришта во Република Македонија“ (2005). Вработена е во Сеизмолошката опсерваторија при истиот факултет (од 1980). Била член на редакциите на сп. „Стожер“ (1998–2000 и 2002–2004) и на „Ревија на Македонскиот П.Е.Н. центар“ (1996–2000, а од декември 2006 г. и актуелен главен уредник). Преведува од англиски јазик. Секретар е на Македонскиот П.Е.Н. центар (од декември 2006). Автор е на пет збирки поезија и голем број научни, стручни и научно-популарни трудови. БИБ.: поезија -Човек и врата, Скопје, 1975; Множење на словото, Скопје, 1986; Опит, Скопје, 1992; Отсуството на Благиот, Скопје 1993; Рабови, Скопје, 2007; Лесими и дритëс, Схкуп, 2000 (избор на албански јазик): Отсуството на Благиот Ⅱ, Битола, 2008 (избор). С. Мл.