ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944–1945) – воена единица формирана во с. шешково, Кавадаречко, на 25. Ⅷ 1944 г. Во формацискиот состав влегле 2., 9. и 10. македонска бригада, подоцна и 11. македонска бригада. Од средината на октомври 1944 г. влегла во состав на ⅩⅤ корпус на НОВЈ. Водела борби во Тиквешко, во Повардарјето, во Прилепско и по долината на Вардар против ГАЕ, што се повлекувала од Грција. При формирањето имала 1300, а војната ја завршила со 5.181 борци и старешина. Учествувала во ослободувањето на Прилеп (2. Ⅺ), при што биле заробени околу 300 германски војници и околу 60 разни возила и воена опрема. Во декември 1944 г. во нејзиниот состав влегле 8., 12. и 17. македонска бригада. До крајот на декември 1944 г. учествува во борбите на Косово при чистење-Од величествениот пречек на борците од Четириесет и осмата дивизија по враќањето Скопје (13. Ⅺ 1944 г.). Во декем-од Сремскиот фронт во Скопје (1945) то од остатоците на балистичките сили. ЛИТ.: Михаило Апостолски, Завршне операције за ослобоÑење Македоније, Београд, 1953; Зборник докумената и података о Народноослободилачком рату југословенских народа, Ⅶ, 4, Борбе у Македонији, Београд, 1954. В. Ст.