ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ

ЧЕТИРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА ДИВИЗИЈА НА НОВЈ (1944– 1945) – воена единица формирана во с. Црноец, Битолско, на 10. Ⅸ 1944 г. Во нејзиниот формациски состав влегле 5. и 7. македонска бригада и Битолско-преспанскиот НОПО. Во почетокот на октомври 1944 г. била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и 2. македонска бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“ (од Македонци од тој дел) и потоа влегла во составот на ⅩⅤ корпус на НОВЈ (со бројна состојба 4.200 борци и старешини). По ослободувањето на Прилеп (2. Ⅸ 1944 г.) на местото на 2-та во нејзиниот состав влегла 9. македонска бригада. Новиот состав го формирале 5., 7. и 9. македонска и 1. егејска бригада. Водела борби на комуникациите: ЛеринБитола и ОхридРесенБитолаПрилеп против ГАЕ кои се повлекувале од Грција. Во декември 1944 г. во нејзиниот состав влегле 6., 9. и 11 македонска и Првата артилериска бригада. ЛИТ.: Зборник докумената и података о Народноослободилачком рату југословенских народа, Ⅶ, књ. 4; Борбе у Македонији, Београд, 1954; Михаило Апостолски, Завршне операције за ослобоÑење Македоније, Београд, 1953. В. Ст.