ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА

ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА ШИПТАРСКА (АЛБАНСКА) УДАРНА БРИГАДА (позната и како Седма македонско-шиптарска НО бригада) (пл. Караорман, Струшко, 26. Ⅷ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од шиптарскиот НОПО и од новопристигнати борци од албанска националност од Девенија, Хрватска и Македонија. Борците на Четвртата македонска народноослободителна бригада (1944) Борци на Четвртата македонска шиптарска ударна бригада (Дебар, 1944) барско, Струшко и Кичевско. Подоцна влегла во составот на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ. Дејствувала главно во дебарско-струшкото подрачје против германските колони и балистичките сили, учествувала во нападот на Кичево (8. Џ), во борбите на превојот ќафасан, кај селата Радолишта и Заграчани (Струшко, 8. Џ), во нападот (29. Џ) и ослободувањето на Струга (8. Ⅺ) и ја затворила македонско-албанската граница во тој реон, во борбите за ослободување на Кичево и Гостивар. Била прогласена за ударна (7. И 1945) и преименувана во Седма шиптарска народноослободителна ударна бригада, прераспределена во Четириесет и втората (македонска) дивизија, со која учествувала во пробивот на Сремскиот фронт (12. Ⅳ – 15. Ⅴ 1945) и во ослободувањето на Славонска Пожега и Загреб. ИЗВ.: „Билтен“ на ВШ на НОВ и ПОЈ, Ⅳ, 46-47, Положај, ноември-декември 1944. ЛИТ.: Боро Митровски, Поважни настани во Народноослободителната борба во западна Македонија, „Гласник“ на ИНИ, Ⅲ, 1, Скопје, 1959, 5–43; Д-р Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944– 1945, Скопје, 1999, 97-99. С. Мл.