ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ

ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ ОД МАНАСТИРОТ СЛЕПЧЕ – македонски ракопис од 1548 год. Од 1950 год. се чува во Народната библиотека на Србија (Белград), сигн. Рс 102 (И + 263 хартиени листови). Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло на ракописот. На последниот 263 л. писарот го забележал своето име Висарион. Истиот писар во Златоустот во НБКМ, бр. 187, Софија, кажува за себе дека е јеромонах од Дебар и книгата ја напишал во манастирот Продром. В. Д.