ЧЕМЧЕВ, Вангел

ЧЕМЧЕВ, Вангел (Лаки) (Воден, Егејскот дел на Македонија, Р.Гр., 4. Ⅳ 1937) – филмски и телевизиски монтажер, режисер и сценарист. Во „Вардар филм“ се вработува во 1959 г. како асистент-монтажер. Како монтажер на игран филм дебитира со филмот „Македонска крвава свадба“ (1967). Реализирал повеќе од 100 филма, од кои 11 се играни. Автор е (како сценарист, режисер и монтажер) и на над 30 телевизиски документарни филма. В. Масл.